March 20, 2012

ЕКСЛУЗИВНО! Иван Тричковски во Барселона!

Денеска топ сторија на македонските спортски и забавни портали е преминувањето на Иван Тричковски од Апоел во Барселона. Тричко е клучен играч од левата страна, кој може да игра и во нападот и во средината, и е играч баш каков што на Барса во моментот и е најмногу потребен. Информацијата доаѓа од веб порталот на Барселона каде е објавен неговиот трансфер:



Дел од објавеното:
Тричко потпиша со Барселона! Преговарањето кое беше држено во најстрога тајност, конечно објавено за јавноста. Менаџерските тимови на двете страни го потврдија договорот и преминувањето во летниот трасфер период. Преминувањето ќе биде за 4 милиони евра за период од 2 години. Тричко изјави дека е пресреќен што ќе заигра за моментално најдобриот фудбалски клуб во светот, се надева на многу успеси.
Исто така тој потврди дека омилен зеленчук му е #кромид, кој го јаде ретко поради тоа што не е дозволен за време на фудбалската сезона, но затоа Македонските “новинари“ го јадат секој ден, во огромни количини.


No comments:

Post a Comment