Добредојдовте во ТВ Вестите на ценетиов блог.
--Македонија--
Премиерот Н.Г. вчера купи нова кравата од засега непознат бутик кој најверојатно се наоѓа во Трговскиот Центар во Скопје, главниот град на Република Македонија чиј градоначалник е Трифун Костовски, познат од аферата наречена “Кермес“ од истоимениот ресторан кој од пред некое време е во сопственост на градоначалникот и г-динот Фуфо, кој поседува неколку ресторани ширум Балканов. Краватата е во црвено-бордо боја и е долга околу 70 сантиметри а широчината е засега непозната, како и зафатнината. Како што спомнавме прејеска краватата, позната и под името вратоврска, е купена од непознат бутик, но во јавноста се шират разни шпекулации. Сега ќе го вклучиме нашиот дописник од Битола, поточно од широк сокак кој ја доби наградата за најдобар дописник од Македонија, а воедно е и татко на три деца и среќно женет со својата Сопруга В.А.:
-Сега ќе ги прашаме случајните минувачи што мислат за чинот на купување на нова кравата т.е. вратоврска од страна на премиерот Никола Грувски кој воедно е и лидер на ВМРО ДПМНЕ:
Минувач 1: ПА мислам дека е еден добар чин, со кој покажува дека нашиот премиер е човек од народот и купува на места каде може да купи и секој друг обичен граѓанин на РМ. Бојата совршено кореспондира со бојата на неговата партија како и со бојата на знамето на РМ што покажува дека е еден голем патриот, кој бескрајно ја љуби својата земја.
Минувач 2: Чинот е ок, но бојата не ми се допаѓа. Мислам дека со ова се прави национална омраза и е провокација за албанците. Следната кравата треба да биде во некоја неутрална боја како што е на пр. сината.
Во ред, тоа беа случајните минувачи, а сега се враќаме назад во студиото.
Така мислат нашите граѓани а сега да видиме што мислат експертите во оваа област. На телефон го имаме Ношпал:
-Мислам дека краватата е премноу монотона. Премиерот треба да размисли за мало подновување т.е. измени во стајлингот а тоа и те како може да го направи со изборот на правилна боја на кравата. Исто така мислам дека неговите стилисти ја гужваат кравата со самото местење па затоа му препорачувам да најми други стилисти. Не сакам да се наметнувам, но доколку премиерот има таква желба слободно нека ме контактира.
Тоа беше Ношпал а сега ќе го чуеме младиот надежен менаџер Боки 13:
-Краватата е демоде. Воопшто не му одговара со кондурите кои не се некоја позната марка што е недозволиво за еден премиер. Исто така и саатот му е сребрен, што навистина ме зачуди. Премиерот треба под хитно да купи облека и асееторис со цел да има што по тренди изглед.
Тоа беше Боки 13 а сега одиме со вестите од светот.
--Свет--
Птичјиот грип се шири. Повеќе од 500.000 луѓе умреа од смртоносниот вирус, а бројот на заразенио секојдневно се зголемува.
Цунами во Австралија. Илјадници мртви, дупло повеќе исчезнати.
Војна на блискиот Исток.
Иран го употреби нуклеарното оружје. Бројот на жртвите е околу 10.000.
--Спорт--
Умре Оливеира.
-------------------------------
*Тепај Време
No comments:
Post a Comment