
Или у превод: Владата им налага на Т-Мобиле, Оне и ВИП да не смапираат (иначе, да знам, и јас многу сакам кога ги пишуваат на кирилица).Човече па налет тоа бе, на секој факинг чекор порака, која е поентата на школо тогаш, дај да не се учи историја и географија, дај децата со мобилка у рука и нека шпартаат по Македонија.
И така мислејќи си викам можда е боље да пуштаат предупредувачки пораки, кои каде-каде ќе имаат поголемо значење од овие информативниве т.е. образовниве. Еве рецимо идеш у Чаир после 23:00 и ти стигна порака:
Моментално се наоѓате во Чаир. Во оваа населба реткос е да помине ден без убиство, активирање на бомба, гаѓање со зоља. Сите, од 7-77 имаат барем кратка 9ка и не се мислат пред да ја употребат. Вашата кола најверојатно ќе биде оставена на трупци ако воопшто ја најдете. Вашиот живот е во опасност, со почит ONE.
После тоа се качуваш во 57ца во Вторник или Петок:
Вие се возите во автобус бр. 57, нов, тазе произведен во НР Кина, двокатен. Тој 90% од врмето е преполн со луѓе поради својата долга релација. Додека ја читате оваа порака, вашиот новчаник веќе се наоѓа на Бит Пазар. Поздрав, T-Mobile.
Поминуваш покрај салата на МЗТ после дерби:
Моментално се наоѓате во населба Аеродром, една од поновите урбани населби во Скопје. Објектот пред вас е салата на КК МЗТ, „Јане Сандански“ каде во моментот се игра финалето на купот на Македонија во кој противник е тимот на Работнички, најголемиот ривал. Дали сега мислите дека беше паметно комбинацијата на црвена кошула со бели пантолони? Со љубов, VIP.Постојат уште многу други можни ситуации, но еве овие ги споменав како пример за подобра употреба на овој нов СМС систем за известување. Повеќе може да ѕирнете во Аеродром.
Си ја утнал latinicata :)
ReplyDeleteПа копи пејст од Шител :)
Delete