February 13, 2012

Македонските рап спотови низ годините

Ликовите во првиот и вториот блок на слики се 90% исти. Може да ги приметите Тони Зен, Слаткар, Пука Козметика, Панчо (ДНК), Врчак и т.н. Има и такви кои се на некоја слика а си го задржаа стилот, макар и што после одредено време или престанаа да прават рап, или креираат многу ретко. Сепак не ја „продадоа душата на ѓаволот“. Не се бламираат. Останаа оние истите кои што беа. Сонот на секој беше да биде голем, да биде познат, да биде чуен. Дали некој навистина го слуша тоа што имаш да го кажеш или ги гледа голите цури околу тебе, те гледа колку си се набилдал, каде имаш нова тетоважа, која кола ја возиш во спотот. 


А сега да ја тргнеме „шалата“ на страна и подетално ја анализираме последната слика. Како никој во државава не се огласи да каже нешто за овој спот? Зарем нема психолози, социолози или што ти ја знам во државава? Спотот кој излезе минатото лето, кој има 416.000 факинг гледања на youtube на кој дегенерикот МС, ДЈ и што ли не Шорти Пи еј кеј еј Панчо, го држи својот неколку месечен син до гол г’з на млада девојка. Има ли бре социјална служба во државава, некој да реагира? Како може вакво нешто да се случи, а камо ли да се врти по телевизија нон-стоп? Па било каде во свет да беше, до сега ќе му го земеа родителското право на џуџево и ќе лежеше затвор.



1 comment:

  1. ФАЛА КУРЦУ некој да го спомне исиотизмот во спотот на „Дада“ со бебето. Јас три мејла испратив до нашиве институции - ОД НИКОЈ НЕ ДОБИВ ОДГОВОР...

    ReplyDelete